
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
чистите кој било негов дел, ставете
го уредот во положба OFF
(исклучено).
Чистење на филтрите
ВНИМАНИЕ Не користете го
апаратот без филтрите. Внимавајте
филтрите да се правилно
наместени. Неправилната
наместеност ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети
апаратот.
Ако е неопходно, исчистете ги филтрите.
Нечистите филтри ги влошуваат
резултатите на миењето.
Машината за миење садови има три
филтри:
1. груб филтер (A)
2. микрофилтер (B)
3. плоснат филтер (C)
A
B
C
Направете го следново за да ги
исчистите филтрите:
1. Отворете ја вратата.
2. Извадете ја долната корпа.
3. За да го отклучите системот за
филтрирање, свртете ја рачката на
микрофилтерот (B) околу 1/4 налево.
4. Извадете го системот за
филтрирање.
5. Фатете го грубиот филтер (А) за
рачката со дупка.
6. Извадете го грубиот филтер (А) од
микрофилтерот (В).
7. Извадете го плоснатиот филтер (C)
од долниот дел на апаратот.
8. Исчистете ги филтрите под чешма.
9. Ставете го плоснатиот филтер (C) во
долниот дел на апаратот.
10. Ставете го грубиот филтер (A) во
микрофилтерот (B) и притиснете ги
филтрите заедно.
11. Ставете го системот за филтрирање
на место.
12. За да го забравите системот за
филтрирање, свртете ја рачката на
микрофилтерот (В) надесно додека
не се закочи.
13. Наместете ја долната корпа.
14. Затворете ја вратата.
Не вадете ги прскалките.
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со дрвено
стапче.
56 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern