
• Поставување на омекнувачот на вода.
Видете во поглавјето "Поставување на
омекнувачот на вода".
• Деактивирање/активирање на
звучните сигнали. Видете во
поглавјето "Звучни сигнали".
• Вклучување и исклучување на
функцијата за мултитаблети. Видете
во поглавјето "Функција Multitab".
• Активирање/деактивирање на дозерот
за средство за плакнење кога е
активна функцијата Multitab. Видете во
поглавјето "Функција Multitab".
• Откажување на програма за миење
или на започнато одложено
почнување. Видете во поглавјето
"Поставување и почнување програма
за миење садови".
Режим за поставување
Апаратот мора да биде во режимот за
поставување за следниве работи:
• Поставување програма за миење
садови.
• Поставување на омекнувачот на вода.
• Деактивирање/активирање на
звучните сигнали.
• Деактивирање/активирање на дозерот
за средство за плакнење.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување. Апаратот е во режим за
поставување кога:
• Светат сите програмски показни
светла.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување. Апаратот не е во режим за
поставување кога:
• Свети само едно програмско показно
светло.
• Поставена е програма за миење.
Треба да ја откажете програмата за да
се вратите во режимот за
поставување. Видете во поглавјето
"Поставување и почнување програма
за миење садови".
Звучни сигнали
Звучен сигнал се слуша:
• Кога ќе заврши програма за миење
садови.
• За време на поставување на нивото на
омекнувачот на вода.
• Кога се јавил дефект на апаратот.
Активирањето на звучните сигнали е
поставено фабрички.
Направете го следново за да ги
исклучите звучните сигнали:
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека показните
светла на функциските копчиња A, B
и C не почнат да трепкаат.
4. Притиснете го функциското копче C.
– Показните светла за функциските
копчиња A и B се гасат.
– Показното светло за функциското
копче C почнува да трепка.
– Се пали показното светло за крај на
програма.
Звучните сигнали се активирани.
5. Притиснете го функциското копче C
повторно.
– Показното светло за крај на
програма се гаси.
Звучните сигнали се исклучени.
6. За да ја меморирате поставката,
исклучете го апаратот.
Направете го следново за да ги вклучите
звучните сигнали:
1. Извршете ја горната постапка додека
не се запали показното светло за крај
на програма.
Пред првата употреба
Почитувајте ги следниве упатства за
секој чекор на постапките:
1. Проверете дали нивото на
омекнувачот на вода е правилно за
тврдоста на водата во вашата
област. Ако е неопходно, поставете
го омекнувачот на вода.
2. Наполнете го садот за сол со сол за
машини за садови.
3. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење.
electrolux 45
Kommentare zu diesen Handbüchern